Конструктор ДОО, Скопје, постои на пазарот од 1992 година и опфаќа изведба на градежни работи за државни, општински и прватни клиенти, на објекти од високоградба и нискоградба.
Поради нашата цел за успешно, квалитетно и навремено завршување на работите имаме потреба од проширување на својот тим:
1 (еден) Градежен инженер – Конструктивна или хидротехничка насока
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (BCC) – Градежен факултет (Градежништво – Конструктивна или хидротехничка насока);
- Работното искуство ќе се смета за предност (најмалку 3 години);
- Предност (но, не задолжително) ќе имаат кандидатите што поседуваат минимум Б овластување за изведба од градежништво, издадено од Комора на овластени архитекти и овластени инженери;
- Работење со компјутери и задолжително познавање на програмите Auto Cad и MS Office;
- Поседување возачка дозвола Б категорија.
Главни задачи:
- Одговорен инженер за водење на градежни објекти, работата ќе биде на терен и на објекти (изведба);
- Раководење со тим од технички кадар и општи работници на градежните објекти;
- Способност за тимска работа;
- Способност во организирање на потребните работи и ресурси;
- Лојалност, темелност, енергичност;
- Редовно водење на градежни книги и дневници, изработка на ситуации и останата техничка документација за објектите.
Вработување на неопределено, на полно работно време.
Дневното работно време е од 08:00 – 16:00 часот, 40 работни часа (од понеделник до петок).
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите може да ги испратат своите биографии (CV), диплома, овластувања и др. на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] .