Банкарски службеник во експозитура во Скопје

(преземи го огласот во Word)

Оглас за вработување
банкарски службеник во Силк Роуд Банка АД Скопје

ЕКСПОЗИТУРА СКОПЈЕ

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ, во Служба за мрежа на експозитури.   

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:

  • Ги исполнува таргетите за пораст/продажба, приходи во експозитурата
  • Ефикасно го врши сето готовинско и неготовинско работење
  • Го следи трезорот на експозитурата за да се осигури дека готовинскиот биланс е точен
  • Врши управување со готовина, броење и верификација на соодветната документација
  • Го развива и одржува клиентскиот однос со клиентите од населението, така што обезбедува професионални финансиски решенија во областа на комерцијално позајмување
  • Ги одредува финансиските потреби на клиентите и ги следи трендовите на пазарот/конкуренцијата со цел советување на клиентите и предлагање на конкретни производи кои ќе ги исполнат нивните барања
  • Ги промовира производите и услугите на Банката за население на постоечките и потенцијалните клиентите со цел да се постигнат личните таргети и да се придонесе за перформансите и профитабилноста на Експозитурата
  • Ги подготвува и поднесува индикативните понуди за клиентите на Банката од редовите на населението
  • Им пренесува информации на претпоставените и на другите служби за конкретни потреби на клиентите, нивните барања или пазарните трендови, со што придонесува за осмислување на ажурирани производи насочени кон клиентите
  • Го започнува процесот на издавање кредити врз основа на примени апликации за кредити производите на банката
  • Делува проактивно со цел да се избегнат оперативните проблеми на клиентите, информира и ги советува клиентите во фронт службите со цел да ги промовира производите и услугите на Банката
  • Врши вкрстена продажба на банкарските производи

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство
  • Најмалку 1 година искуство, пожелно во благајничко работење
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Добро познавање на локалниот пазар
  • Добро познавање на банкарските производи
  • Добри организациски и комуникациски вештини
  • Можност за самостојна работа
  • Флексибилност

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивациско писмо на македонски јазик може да ги достават на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за “Банкарски службеник во експозитура во Скопјенајдоцна до 17.01.2022 година.

барај огласи за вработување » барај останати огласи »