Специјалист за човечки ресурси

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред една недела
  • Зегин ДОО Скопје
  • Активен до 01.12.2021
  • Позиција: HR (човечки ресурси)
  • Локација: Скопје

 

Станете дел од нашиот тим на и аплицирајте за следното отворено работно место:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Изготвување Договори и Анекси за вработување,
  • Се грижи за редовно водење на досиеата на вработените
  • Пријава на вработените во АВРМ,
  • Водење на кадрова евиденција,
  • Подготовка на извештаи за промени во статус на вработени  (пријава, одјава, ротација, промена на р.позција, мирување),
  • Изготвување Документи за прераспределба на вработените,
  • Изготвување Документи за  ФЗОМ и Малмед (пријави, одјави-здравствено),
  • Изготвување на Правила и процедури во областа на свои одговорности
  • Пратење на промени во законската регулатива и програмите на релевантните институции и комунукација за промените со сите засегнати страни
  • Изготвување на Потврди и другите документи од областа на кадрова евиденција,
  • Соработка со Инспекции од инспекторат на труд, безбедност и здравје,јавно здравје и другите релеватни институции,
  • Изготвување на Одлуки, Решениа  и Известувања од областа на работни односи
  • Пријавување на работа на празник и годишни пријави за работно време,
  • Поднесување на годишни извештаи до Јавно здравје.
  • Вршење на дополнителни активности во областа на одговорности

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ИСКУСТВО:

  • ВСС, Правник
  • 5 години искуство во областа,
  • Одлично познавање на англиски јазик (задолжително)
  • Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Искуство во работа со системи за кадрива евиденција
  • Познавање на законската регулатива во делот на работни односи, социјално и здравствено осигурување
  • Практично искуство и познавање на процесот на засновање и престанок на работен однос и сите законски процеси по основ вработување.

ОЧЕКУВАНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • Развиени организациски и комуникациски способности
  • Прецисност и брзина во работењето
  • Способност за планирање на времето, задачите и резултатите
  • Способност за приоретизација
  • Самоиницијативност и самостојност во работењето
  • Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
  • Професионален и позитивен однос
  • Флексибилност за работа во динамична атмосфера
  • Подготвеност за соработка со други (тимска работа)
  • Способност за работа под притисок
  • Способност за прифаќање на сугестии, промени и воведување на иновации во работењето
  • Развиена способност и спремност за учење

ШТО НУДИМЕ:

  • Основна нето плата по договор
  • Работниот однос се заснова на определено време 3 (три) месеци со можност за продолжување на договор за работа
  • Работно време: понеделник – петок 08.00 – 16.00 часот

Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака „СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ  на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.