CNC оператор (глодалка/струг)

Плата од 27.500 ден.

За компанијата: Свемек е производна компанија која се занимава со производство на машински делови, алат, како и услуги. Основната дејност на фирмата е глодање, стругање, сечење, дупчење на различни типови на материјали... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 5 месеци
  • Свемек ДОО
  • Активен до 09.12.2023
  • Позиција: Оператор во производство/машина
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.svemek.mk
  • Instagram: [email protected]

Должности и работни задачи:

  • Познавање/читање на работилнички цртеж за машински делови и следење на техничко пропратни инструкции и документација
  • Штелување и оперирање со CNC машина (глодалка или струг) за делови во сериско и поединечно производство според претходно изготвен NC програм. Самостојна припрема на резен алат, стегачки тела и/или стегачки направи и позиционирање на координатниот почеток (нулирање) на парчето
  • Следење на процесот при работа со машината. Задавање на корекции на алатите. Контрола на деловите со мерна опрема и уредно водење на електронски записи и попратна документација за деловите.
  • Превентивно одржување и проверки на машините. Редовно одржување на чист, организиран и безбеден работен простор
  • Браварска работа на машински делови. Основно познавање на работа со рачен алат
  • Основно познавање на работа со универзални машини (дупчалка, струг или глодалка)
  • Квалификација (степен и вид на образование):
  • Средна стручна подготовка (во областа на машинството)

Што нудиме:

  • Интерна и екстерна обука за работното место
  • Работа во една смена
  • Безбедна работна средина
  • Колективен годишен одмор
  • Прекувремена платена работа
  • Бонуси за ненаправен шкарт
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој
  • Почетна плата: + 28,000ден. во зависност од квалификациите/компетенциите на кандидатот
  • Кандидатите со минимално искуство во работата од 2 години ќе имаат предност пред останатите

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »