За компанијата: Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот...
повеќе за компанијата »Новомак го проширува својот тим со уште еден млад, креативен, амбициозен ентузијаст кој ќе се вклучи во IT тимот и со активно следење на барањата и брзо и квалитетно извршување на задачите директно и индиректно ќе придонесува за успешен напредок на компанијата и нејзиното ефикасно работење.
Во моментов имаме потреба од проширување на својот тим на позиција:
DATABASE DEVELOPER (SQL SERVER)
Кандидатот ќе биде активно вклучен во постоечките и новите развојни решенија во рамките на компанијата и ќе биде одговорен за одржување на базите на податоци.
Потребни квалификации и вештини:
- Работно искуство во MS SQL Server од најмалку 2 години
- Искуство во дизајнирање и развој на бази на податоци во MS SQL Server
- Искуство во пишување и оптимизирање на комплексни SQL упити
- Одлични вербални и пишани комуникациски вештини
- Одлично познавање на англиски јазик
Профил на личност:
- Организираност и одговорност
- Самоиницијативност и енергичност
- Способност за тимска работа
- Способност за работа на повеќе проекти истовремено
- Способност за работа под притисок и на кратки рокови
Предност ќе имаат кандидатите со:
- Искуство во развој и/или оддржување на ERP софтвер
- Познавање на програмски јазик Delphi
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законот на РМ. Вработувањето е на неопределено време.
Своето CV (со слика) доставете го на нашата e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: "Database Developer".
Слични огласи »