ЦЕЛ НА ПОЗИЦИЈАТА
Едукаторите во пракса нарекувани Coach (…) ги имаат следните консултативни и едукативни задачи:
- Да врши едукација на деца од 5 – 16 години согласно методологијата на STEM Academy.
- Да обезбедува административна координација во процесот на директна комуникација со родителите на децата.
- Да ја спроведува програмата на STEM Academy на најпрофесионален начин
- Да се грижат за безбедноста на децата за време на часовите
- Да обезбедат соодветно и непречено одвивање на часовите, со соодветна припрема на просторијата и ИКТ технологијата како и сите други алатки за работа
- Да обезбеди непречена комуникација со родителите на децата и со менаџментот на Академијата
- Да учествува во промоција на Академијата на директен и индиректен начин зајакнувајќи ја улогата на Академијата во општеството, јавноста и институциите како главен чинител за унапредување на постоечките образованите програми и воведувње на стандардизирани и технолошки унапредени едукативни програми во образовниот систем со акцент во неформалното образование.
Од кандидатот се бара да:
• поседува вештини за работа со деца
• има познавање во креирање наставна програма и наставни инструкции
• е способен за работа во тим што ќе се смета за предност
• планира успешни искуства за учење на деца од 5 – 16 години, применувајќи различни современи стратегии
ПРОФИЛ И БАРАЊА НА ПОЗИЦИЈАТА
Квалификации
Образование (минимум ниво)
**Универзитетска диплома од областа на педагошки науки, дефектологија, психологија., инженерство (електро, машински..) и други сродни дисциплини
Искуство на слични позиции
**Минимум 2 години работно искуство
Специјални квалфикации. / сертификати
**Познавање на програмирање, роботика искуство со технологија е предност
Англиски јазик говорен и пишан на напредно ниво
Други придобивки и услови за работата на едукаторите
Сите едукатори добиваат наменска обука согласно стандардите на LEGO Образование од мастер тренерите за методологијата која се применува во рамки на Академијата, чии трoшкоци се покриваат од страна на STEM Academy. По завршување на обуката за одреден степен, едукаторите се стекнуваат со сертификат за едукатор (коуч) согласно стандардите на LEGO образование издаден од STEM Academy за соодветниот степен. Доколку едукаторите сакаат да продолжат со обука и за друг степен (возраст за деца), го искажуваат својот интерес и се вклучуваат во наредниот термин за одржување на обука од страна на мастер тренерите за LEGO образование и или назначените координатори за обука на програмите.
Условите во кои се одвиваат часовите на STEM Academy се на највисоко ниво на професионалност, безбедност и напредна технологија.
Потенцијалните кандидати треба да ги достават следниве документи:
• Писмо за интерес ,
• Биографија ЦВ
Ве молиме пратете ги вашите документи електронски на [најави се за да го видиш е-маилот] и . Крајниот рок за поднесување на документите е 16-ти април, 2022.
Само одбраните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.