Друштвото за сервисирање и одржување на електронски уреди за широка потрошувачка СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, распишува оглас за вработување на:
Оператор за прием на рекламации
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
- ССС/ВСС
- Поседување на одлични вербални способности и вештини на ефективна комуникација со клиенти
- Претходно работно искуство и познавање на апарати за домаќинство ќе се смета за предност
- Одлично познавање на работа со MS Office
- Аналитичност, објективност, тимски работник
- Систематичност, организираност, иницијативност
Одговорности и работни задачи:
- Прием на клиенти и производи поради рекламација
- Пружање телефонска помош и помагање на клиентите во однос на ракувањето и проблемите кои клиентите ги имаат со уредот кој се рекламира
- Основна проверка на рекламираниот производ, за да се утврди правилната инсталација и приклучување на истиот
- Отвoрање, проследување и контрола на сервисни налози сѐ до нивно конечно решавање
- Следење на трендовите на проблемите со производите и соодветна реакција кај сите поврзани субјекти
- Подготвување на тековни и периодични извештаи.
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
- Континуирана обука
- Работно време: 40 часа неделно
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, аплицирајте на означеното копче за брза апликација. Огласот е активен до 10.06.2024 година
Слични огласи »