Машински инженер – индустриско инженерство и менаџмент

  • Објавен пред една недела
  • ОЗОН
  • Активен до 21.10.2020
  • Позиција: Инженер
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот во Word)

Огласуваме слободно работно место на позицијата: МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР –  ИНДУСТРИСКО ИНЖЕНЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ

Озон има потреба од машински инженер од насока индустриско инженерство и менаџмент, кој ќе му се придружи на нашиот инженерски тим во Скопје. Кандидатот ќе биде одговорен за оптимизација, организација, продуктивност и менаџмент на производството на машини и производи за вентилација, климатизација и други производи.

 

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

  • Машински Факултет –насока индустриско инженерство и менаџмент

  • Со или без работно искуство, предност ќе имаат кандидати со работно искуство кои работеле во организација и оптимизација на производство

  • Познавање и активна работа на програми за 3Д цртање – Autocad Inventor” или “Solidworks”

  • Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други

  • Познавање англиски јазик

  • Да поседува вештини за организација на производни процеси, логистика,набавка, управување со рокови, предвидување на работи и процеси, одговорност кон работата,позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и лојалност

     

    За следниве работни задачи

  • Продуктивност, оптимизација, организација и управување производствен процес, доработка и измена на технички цртежи и документација за производство во Autocad Inventor”, работа со “CAD/CAM” софтвер, следење на производствен тек, комуникација за обезбедување навремена набавка и испорака на делови и производи.

  • Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за производство

  • Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во зададен временски рок, посветеност на детали

  • < > производна документација согласно барани прописи и технички стандарди

    Организација и архивирање документација за тековната работа

  • Примена и реализација на современи решенија и технологии за управување со производство и процеси

     

    Се добиваат следниве услови за работа

  • Редовни солидни примања

  • Работа во климатизирани простории

  • Можност за обука и стекнување нови знаења

  • Можност за посета и учество на саеми и други стручни надградувања

  • Награди за квалитетно извршување на работните задачи

  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување

  • Можност за остварување новогодишен или друг надоместок

  • Посета на саеми и настани за обука

 

Доколку ги исполнувате бараните услови Ве повикуваме да ги испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: vrabotuvanje@ozon.com.mk

 

КЛИКНИ