Внатрешен ревизор - Самостоен референт за внатрешна ревизија

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје:

Самостоен соработник за премиско сметководство - Самостоен соработник за финансии

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за  професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

                                                               ВНАТРЕШЕН РЕВИЗОР 

Извршител: 1

Потребни услови:  

  • ВСС, Економски, Финансии;
  • 5 години, најмалку 3 во областа на осигурување; 
  • Пожелно е познавање на англискиот јазик, познавање на турскиот јазик ќе се смета за предност;
  • Предност е поседување на лиценца за овластен ревизор, активно познавање на компјутерски програми.Опис на работите и задачите:
  • Во соработка со претпоставениот врши целосна ревизија на работењето на Друштвото за утврдување дали истото работи согласно Законот за супервизија на осигурување, подзаконските акти произлезени од истиот, како и внатрешните акти со кое се регулира работњето на Друштвото;
  • Му помага на Директорот на Дирекција во изготвување на годишна програма за работа која ја одобрува Одборот на директори на Друштвото;
  • Ги извршува и задачите определени со Годишниот план за ревизија кој го донесува Одборот на директори на Друштвото;
  • По барање на Одборот на директори и/или Извршните директори може да врши и други нередовни ревизии на работењето на одделните организациони единици на друштвото;
  • Во соработка со директно претспотавениот на квартално ниво, изготвува извештаи за спроведената внатрешна ревизија, односно за своето работење изготвува квартални извештаи по изминување на секој квартал од годината;
  • Во соработка со директно претпоставениот изготвува годишен извештај за внатрешната ревизија и истиот го поднесува до Одборот на директори на Друштвото за мислење и до Агенцијата за супервизија на осигурување;
  • Врши постојана контрола на спроведување на правилата за внатрешни контроли, контрола на секоја неусогласеност, неуредно работење, следење на примена на законските и подзаконските акти, како и внатрешните акти на Друштвото од страна на секоја организациона единица и Подружница на Друштвото;
  • Доколку при спроведување на работи на внатрешната ревизија се утврди дека Друштвото ги повредило правилата за управување со ризик и како резултат на тоа му претстои неликвидност или несолвентност, или е доведена во опасност сигурноста на работењето на Друштвото, веднаш за тоа го известува Директно претпоставениот за преземање на потребните активности согласно Законот за супервизија на осигурување;
  • Доколку при спроведување на работи на внатрешната ревизија утврди дека Извршните членови на Одборот на директори на Друштвото ги повредиле Правилата за управување со ризик, веднаш за тоа го известува Директно претпоставениот за преземање на потребните активности согласно Законот за супервизија на осигурување;
  • Врши и други работи на барање на директно претпоставен.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »