Маркетинг менаџер - БИТОЛА

За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. повеќе за компанијата »

Цермат ДОО – е современа европска компанија која ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. Компанија која е лидер меѓу производителите на сладолед и замрзнати производи во регионот,  со над 250 вработени, со седиште во Битола, поради зголемен обем на работа, има потреба од вработување на високомотивирани личности кои одговараат на описот за следната работна позиција:

 

МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР:

Потребни квалификации:

· Релевантно искуство од областа на маркетинг, минимум 2 години,

· Одлично познавање и активно користење на англискиот јазик (пишување и говорење),

· Одлично познавање на работа со компјутер ,

· Како предност ќе се смета познавањето на алатки за графичка продукција и менаџирање на социјални мрежи.

 

Лични вештини и карактеристики:

·  Развиени комуникациски и организациони вештини; презентерски способности и чувство за естетика и уредност,

· Изразување на креативност со способност за давање на сугестии за постојани подобрувања,

· Професионален и позитивен однос. 

 

Ваши задачи за позицијата маркетинг менаџер:

  • Развивање и спроведување на маркетинг стратегија во согласност со целите на компанијата;
  • Следење на нови трендови и практики на маркетингот и дообновување;
  • контакти со медиуми / маркетинг агенции;
  • Останати обврски по налог на претпоставено лице од делокругот на работење.

 

Заинтересираните кандидати да достават CV со слика на Македонски Јазик, на e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака: Апликација за Маркетинг Менаџер.

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »