ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР

За компанијата: ЕСКОН-ИНЖЕНЕРИНГ ги застапува најпознатите технолошки брендови, при што формира стабилен ланец на набавка и испорака на материјали од електро индустријата, при што овозможува техничка поддршка и помош за нашите клиенти преку изработка на документација и тестирање. повеќе за компанијата »

ДПТУ ЕСКОН-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Струмица има потреба од работници за пополнување на следниве работни позиции:

Работно место: ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР

 

Работни задачи:
- Изработка на идејни, основни и проекти на изведена состојба од областа на јакострујни електични инсталации
- Изработка на проектна документација за слабострујни електрични инсталации (компјутерска мрежа, видео надзор, телефонска мрежа, контрола на пристап и евиденција на работно време, автоматска детекција и дојава на пожар)

Потребни квалификации:
- Високо образование дипломиран електроинженер
- Активно познавање на AutoCAD и MS Office
- Активно познавање на технички англиски јазик
- Пожелно е поседување на возачка дозвола Б категорија
- Одговорност и самоиницијативност при извршување на работните обврски
- Комуникациски вештини и способност за тимска работа
- Способност за работа под притисок на зададени рокови
- За предност ќе се смета претходно искуство на иста или слична позиција (но не е пресудно)
- За предност ќе се смета поседување на овластување за проектирање Б категорија (но не е пресудно)

На кандидатите им нудиме:
- Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација
- Употреба на современи технологии и опрема
- Континуирано усовршување и едукација во сите области (стручни, индивидуални, итн.)
- Можност за напредување
- Работа на големи и комплексни проекти кои нудат предизвици за совладување

Заинтересираните кандидати може да се јават на тел.: 075-736-367 или да испратат CV на меил: [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »