Раководител на Оддел за финансиско управување и известувње

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можности за професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија, имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Раководител на Оддел за финансиско управување и известување

Обврски и одговорности:

  • Изготвување извештаи и нивно доставување до Управниот Одбор/ Генералниот Директор и Директорот на Сектор/Дирекција.
  • Изготвување и доставување извештаи до институции како Агенцијата за супервизија на осигурување, Националното Биро за осигурување и Управата за јавни приходи.
  • Следење на финансиските резултати и контрола на трошоците во согласност со утврдените лимити.
  • Подготвување квартални, годишни и други извештаи на барање на органот на управување.
  • Учествување во изготвување на планови за приходи и расходи.
  • Реализирање на обврски кон регулаторот, надворешната ревизија и други надлежни институции.
  • Предложување мерки за избегнување финансиски ризици.
  • Соработка со надворешната ревизија.
  • Подготвување на буџет и финансиски планови на месечна, квартална и годишна основа.

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Универзитетска диплома од економски науки или финансии.
  • Најмалку 3 години работно искуство во областа на осигурување или финансии.
  • Лиценца за овластен сметководител ќе се смета за предност.
  • Познавање на англиски јазик е задолжително; познавање на турски и/или албански јазик ќе се смета за предност.
  • Компјутерско познавање на Microsoft Office и познавање на сметководствени политики и финансиска анализа.
  • Висок степен на креативност и иновација.
  • Добро планирање и организација.
  • Ориентираност кон клиенти.
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини.
  • Способност за тимска работа и брзо адаптирање на нова работна средина.

Бенефиции:

  • Платено приватно здравствено осигурување.
  • Континуирани обуки за кариерен и професионален развој.
  • Тим билдинг и спортски активности, активности за мотивација на вработени.
  • Слободен ден за роденден.
  • Подароци за вработени (роденден, новороденче и др.).
  • Други бенефиции.

Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете го вашето CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака "Оглас за вработување на Раководител на Оддел за финансиско управување и известување".

Со доставувањето на вашата апликација, потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат користени за намената на овој оглас. Податоците ќе бидат избришани во рок од 1 година од приемот.

Напомена: Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »