ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР на позиција Менаџер за техничка примена и пласман

  • Објавен на 3.2023
  • АДИНГ
  • Активен до 05.04.2023
  • Позиција: Инженер и технолог
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 022034840
  • Веб: www.ading.com.mk/

АДИНГ објавува оглас за вработување на ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР, во секторот Техничка примена и продажба.

Што ви нуди оваа позиција:

  • Ќе бидете дел од динамичен тим, со главна задача продажба, примена и техничка поддршка за клиентите.
  • Ќе бидете дел од систем со 54 годишна традиција, со пристап до огромна база на знаења, технологии и акумулирани искуства.
  • Ќе работите на примена на технологии и решенија од групата на Адитиви за бетони и Санации и Заштита на АБ конструкции.
  • Ќе имате брз трансфер на знаење од тимот и можност за самостојно делување.
  • Чести патувања во странство, посета на обуки и саеми.
  • Соработка со најголемите градежни компании кои оперираат во регионот и присуство на сите позначајни инфраструктурни објекти.

Услови кои треба да ги исполнувате:

  • Да сте дипломиран градежен инженер.
  • Да имате пасија кон работата,  да сакате да учите и градите знаење.
  • Да сте ориентирани кон резултати, одговорни и уредни професионалци.
  • Да сте умешни и отворени во комуникацијата и задолжително да знаете англиски јазик (познавање на регионалните јазици се смета за предност).
  • Возачка Б Категорија е неопходна.
  • Со или без претходно работно искуство.

Испратете ни ваше CV  и кратко мотивационо писмо на:  [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 10.04 (понеделник).

*Вработувањето е најпрво на определно време на 6 месеци, со можност за склучување на договор за неопределно време и пред овој рок.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »