Комерцијалист за набавки

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

Како една од најголемите и најуспешните компании во својата дејност, со најдобра инфраструктура и најширока дистрибутивна мрежа, ЗЕГИН има потреба од проширување на својот тим на професионалци.

Доколку сте посветена личност, со високи вредности, имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, проактивни, позитивни, иницијативни, ориентирани кон резултати со високо развиена способност за решавање проблеми и самомотивација, станете дел од нашиот тим и аплицирајте за работа во ЗЕГИН на работна позиција:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ

ШТО БАРАМЕ:

  • Универзитетско образование, Економски, Фармацевтски или Медицински факултет,
  • Претходно работно искуство во веледрогерија ќе се смета за предност
  • Задолжително Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MSWindows и MSOffice
  • Прецизно и точно управување со информации, податоци, документи и време
  • Одлични комуникациски вештини
  • Способност за ефикасно работење во динамична канцелариска средина со комерциjална ориентација и работа под притисок
  • Високо развиени аналитични способности и структурално размислување
  • Положен возачки испит (Б категорија) и активно возење

Што нудиме:

  • Основна нето плата по договор
  • Можност за доусовршување и дообразување
  • Мотивирачка работна средина

Испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Kомерцијалист за набавки на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »