Рецепционер

За компанијата: ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Денес повеќе од 1300 вработени работат во фабриката со површина од 78.000 м2, произведувајќи автобуси за пребирливите, со почитување на строгите стандарди и критериуми на европските и северноамериканските пазари. Од самиот почеток постојано вложуваме напори дел од своите вградени компоненти да ги обезбедиме од локални извори. Денес ВДЛ Ван Хоол Македонија е сериозен партнер на повеќе од 20 домашни фирми, а во повеќето од нив самата компанија има вложено во нивното знаење со цел да им помогне да станат добавувачи на врвна светски позната компанија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет,лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик / Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: РЕЦЕПЦИОНЕР

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Ги пречекува посетителите и врши идентификација, ги упатува и одговара на прашања;
  • Одговара на телефонски повици и ги пренасочува истите до соодветните оддели;
  • Закажува состаноци и води записници од состаноците;
  • Координира точност и дистрибуција на административна документација;
  • Организира транспорт до и од работното место, како и исхрана за време на работа за вработените;
  • Постапува по барањата за службени патувања вклучувајќи организација на сместување и транспорт;
  • Други работни задачи доделени од работодавачот соодветни на работното место Рецепционер.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ССС / ВСС;
  • Напредно познавање на работа со компјутер и основни програми на Microsoft Office (Excel и Word задолжително);
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Уредност и одговорност;
  • Комуникативна, одговорна и лојална личност;
  • Самоиницијативност и посветеност кон работата;
  • Љубезност и позитивен став.

ШТО НУДИМЕ:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
  • Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст.
  • Можности за обука во странство;
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;
  • Регрес двојно поголем од законски пропишаниот (23.100 денари);
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода;
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард;
  • Обезбеден превоз до/од работното место;
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;
  • Бонус за препорачан пријател на работа;
  • Тим билдинг активности;

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.com/mk, во делот “Кариери”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »