За компанијата: Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на република Северна Македонија под број 13-1659/2.Компанијата обезбедува брзи потрошувачки...
повеќе за компанијата »Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група, која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа. Во компанијата работат над 2.000 високо квалификуван кадар и соработници, во над 250 филијали во пет европски земји – Македонија, Шпанија, Бугарија, Романија и Босна.
За ефикасно и ефективно исполнување на финансиските потреби на нашите клиенти имаме потреба од зголемување на нашиот тим и објавуваме оглас за позицијата:
ТИМ ЛИДЕР – ФИЛИЈАЛА ДРАЧЕВО
Опис на работни задачи:
- Навремена и ефикасна услуга на клиентите вo филијалата
- Презентација на продуктите и услугите на Флекс Кредит, во филијала и на терен
- Пополнување на барања за кредит и аплицирање во име на корисниците и исплата на истите
- Наплата на долговите согласно политиката на Флекс Кредит
- Развој и одржување на базата на клиенти
- Формирање и управување на тим од кредитни консултанти, како и нивна обука, мотивирање и контрола на терен
- Реализирање на продажби и остварување на индивидуалните и тимските месечни цели
Потребни квалификации и вештини:
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Вештини за преговарање
- Ориентираност кон резултати
- Аналитичко размислување и приоритизирање
- Способност за тимска работа
- Познавање на англиски јазик
- Релевантно искуство од најмалку 1 година ќе се смета за предност
Услови од компанијата:
- Атрактивна плата плус месечни бонуси
- Можност за професионален развој и напредување
- Можност за дополнителна обука и тренинг
АПЛИЦИРАЈ со испраќање на биографија на [најави се за да го видиш е-маилот]
ТЕ ОЧЕКУВАМЕ !