Електроинженер

За компанијата: Скопски Легури е компанија за феролегури која што сака да ја зацврсти својата позиција во индустријата за феролегури како ефикасен производител и извозник на феролегури повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Скопски Легури ДООЕЛ е производител на феролегури. Заради рестартирање на производствениот процес отворени се нови работни места.

Скопски Легури бара   ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР

Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:

  • Диплома за завршено високо образование, Електротехнички Факултет насока висок и среден напон;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позициjа минимум 3 години;
  • Познавање на процесот на работа во одделот за електро одржување;
  • Познавање на законски прописи во областа на безбедност при експлоатација и изведување на работи  за висок, среден и низок напон;
  • Познавање на експлоатација, инсталација и пуштање во употреба на индустриска електрична опрема;
  • Напредни комуникациски, организациски и планирачки способности;
  • Познавање и активно користење на пишан и говорен англиски јазик ;
  • Користење на MS Office пакетот, работа во Auto CAD ќе се смета за предност.

Главни одговорности и обврски:

  • Ја организира, контролира и координира работата во одделот за електро одржување ;
  • Го организира тековно обезбедување во работна состојба електро комуникации и   опрема, одржување, ремонтни работи и отстранувањето на неисправноста на истите;
  • Подготовка на барања, буџети за тековно одржување и инвестиции, контрола за нивното извршување;
  • Организира тековни ремонти на електро постројките и опремата и инвестициски проекти во дел на електрика;
  • Придонесува за оптимално функционирање на процесот, максимално искористување на капацитетите, организирање на човечките ресурси, а сето тоа со максимално ангажирање за безбедно извршување на задачите;
  • Контрола за квалитетно и навремено извршување на обврските од страна на компаниите изведувачи  на услугите од електро областа;
  • Учествува во прием на електро опрема и материјали при набавка како дел од комисиjата на друштвото.

Компанијата нуди:

  • Работа со редовно работно време од 40 часа неделно, прва смена, со обезбеден оброк, годишен одмор од 24 работни дена, во конкурентна средина и одличен финансиски надомест со потенцијал за напредување.

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата Биографија на

[најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за - Оглас за Електроинженер, апликациите ќе се прифаќаат до 15.02.2023 година.

Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.

Ви благодариме за вашиот интерес.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »