
За компанијата: Кои сме ние?
Мајорел е глобален лидер во менаџмент на корисничо искуство
Клиентите велат дека нашата агилна култура не прави посебни, што значи дека водење бизнис со нас е лесно. Како експерти во...
повеќе за компанијата »КОИ СМЕ НИЕ:
Majorel обезбедува корисничко искуство и задоволство во име на некои од најпочитуваните светски брендови. Обезбедува корисничка поддршка за бизнис клиенти, како и дигитални решенија во различни индустрии.
- 400+ бизнис клиенти глобално
- 36+ држави
- 12+ години просечно партнерство со бизнис клиентите
- 69 000 вработени глобално
Развивме уникатна компаниска култура каде што ќе се чувствувате згрижени, поддржани, слушнати и ангажирани во компанијата уште од првиот ден. Нудиме динамично работно место засновано на почит и меѓусебна доверба, каде што секој има глас и има удел во одлучувањето. Сега сме во Македонија со нашите сосема нови канцеларии и нов тим од професионалци.
Придружи ни се и биди дел од нашиот нов Мајорел тим во Македонија!
Специјалист за регрутација и селекција
| Скопје
ОПИС НА РАБОТАТА:
- Поддршка на дизајнот и спроведувањето на целокупниот процес на регрутирање;
- Соработка со менаџерите на одделите за да ги идентификувате потребите за вработување;
- Пронаоѓање и привлекување и на кандидати со користење на различни канали;
- Спроведување интервјуа користејќи различни алатки/методи за селекција и тестирање на кандидатите применувајќи релевантни тестови;
- Подготовка на активности поврзани со регрутирање (работни места, интервјуа, консултации, воведна обука итн.);
- Евалуација, селекција и вршење потесен избор на кандидати за отворени позиции;
- Активности поврзани со регрутирање (подготовка на огласи, интервјуа, итн.) ;
- Презентирање и претставување на компанијата пред апликантите и новите вработени;
- Подготовка и одржување на евиденција, извештаи и статистика поврзани со човечки ресурси;
- Помагање на менаџерот за човечки ресурси со различни задачи од областа на менаџментот на човечки ресурис;
- Подготовка и учество на саеми за вработување.
- Врши континуирано унапредување на процесите, системите и алатките за регрутација согласно можностите и потребите на компанијата.
ЗА ВАС
- Универзитетската диплома;
- Искуство од најмалку 3 години како регрутер, идеално во слична индустрија;
- Искуство со користење на ATS системи за регрутација
- Напредно познавање на LinkedIn и регрутирање преку социјални мрежи
- Одлично познавање на англиски јазик
- Добро познавање на германски или италијански јазик ќе се смета за предност;
- Познавање на MS Office со експертиза во Microsoft Word, PowerPoint и Excel;
- Ориентирани кон детали и удобно работење во канцелариско опкружување со брзо темпо;
- Супериорни организациски вештини и посветеност на навремено завршување на проектите;
- Способност за самостојна работа и во тимска средина;
- Способност за анализа и ревизија на оперативните практики и процеси за подобрување на ефикасноста;
- Снаодливост, флексибилност, лојалност, дискретност, искреност, аналитичност и прецизност;
- Искуство со подготовка на статистика и работење со клучни индикатори за перформанси (KPIs)
Што нудиме:
- Компетитивна месечна нето плата
- Целосно платен тренинг
- Бонус за добредојде
- Надомест за годишен одмор
- Бонус за препорака
- 22 дена одмор
- Приватно здравствено осигурување
- Програми и обуки за развој на кариера
- Програма за благосостојба (како што се: Спортски и настани за благосостојба и активности за добросостојба)
- Договор на неопределено работно време со 4 месеци пробен период
- Меѓународна и мултикултурна работна средина
- Простор за релаксација и забава
- Можност за скратено работно време
Веќе го создадовме нашиот прв тим во Македонија и продолжуваме понатаму со проширување на тимот во Мајорел. Пријавете се на следниов ЛИНК или преку email [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 23ти јуни 2022 и веднаш ќе стапиме во контакт со вас.
НАШИОТ НОВ ТИМ ВО МАЈОРЕЛ МАКЕДОНИЈА ВЕ ОЧЕКУВА ДА ВЕ ПОДДРЖИ ДА БИДЕТЕ УСПЕШНИ, ДА СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ДОБРО И РАСТЕТЕ!
ПРИДРУЖИ НИ СЕ!
Слични огласи »