Овластен Сметководител

За компанијата: Толлакс ДОО Скопје во своето портфолио има 14 Продажни објекти М1 Киоск распоредени во централно градско подрачје, Центар, Кисела Вода, Бисер, Универзална Сала,Соборна црква, 1 Поло Супермаркет. Толлакс ДОО Скопје е генерален увозник за неколку брендови од тобако и кондисторската индустрија. повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 4 недели
  • Толлакс
  • Активен до 04.05.2021
  • Позиција: Економист/сметководител/ревизор
  • Локација: Скопје

Толлакс ДОО Скопје

има потреба од Сметководител:

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Комплетно водење на сметководственото работење и контрола на целокупниот сектор согласно законската регулатива како и сметководствените политики на фирмата.
  • Следење и наплата на побарувањата од сите правни лица за купопродажба на стоки.
  • Изготвување неделен план за плаќање и реализирање на налози во електронско банкарство.
  • Изготвување на неделни и месечни извештаи за Генералниот директор;
  • Ги изготвува во предвидените рокови сите извештаи кои согласно законската регулатива треба да се достават до Министерство за финансии-УЈП, НБРМ, Царинска управа, Статистика, Завод за вработување и комуникација со истите.
  • Изготвување на документација за Плата, пресметка на ДДВ и Данок на добивка.
  • Ги врши сите подготвителни работи во врска со годишната сметка и изготвување на истата заедно со финансовиот директор;
  • Извршување на сите други задачи и барања од страна на Генералниот директор и во рамки на сметководството и финансиите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Уверение за овластен сметководител;
  • Минимум 3 години работно искуство;
  • Познавање и користење на англиски јазик, се смета за преднос;
  • Одлично познавање и работа со Excel;

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Добри аналитички способности, уредност и одговорност;
  • Умешност да се работи со голем број информации;
  • Работа во куси временски рокови;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Одговорна и лојална личност.
  • Плата Солидна по договор

Контакт Број            075 426 882

Испратете CV na  [email protected] со назнака ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛ