
(преземи го огласот како PDF)
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СТЈУАРТ ИНСПЕКТ ДООЕЛ СКОПЈЕ
Има потреба од дипломиран електротехнички или машински инженер за работа во Инспекциско тело за технички преглед на лифтови, дигалки, транспортери, виљушкари, рударски и градежни машини, електроенергетски системи и инсталации, опрема и заштитни системи за користење во потенцијално експлозивни атмосфери и/или Одделот за безбедност при работа.
- Потребни квалификации: Електротехнички или машински факултет; Активно познавање на англискиот јазик во соодветните области; Работа со компјутери; Возачка дозвола од Б категорија.
- Предност ќе имаат оние кандидатите кои поседуваат: Тригодишно работно искуство; Положен стручен испит за Стручно лице за безбедност при работа при МТСП на РСМ;
- Потребна документација која треба да ја приложи заинтересираниот кандидат е: CV и копии од: Диплома за завршен VII/1 електротехнички или машински факултет; Важечка возачка дозвола од Б категорија; Доказ за претходното работно искуство
- Дополнителна документација која е пожелно да ја приложи заинтересираниот кандидат е: Уверение за познавање на англиски јазик; Уверение за Стручно лице за безбедност при работа при МТСП на РСМ;
- Работни денови: од понеделник до петок, 40 работни часови неделно, Работно време: од 08.00 до 16.00 часот;
Ги молиме заинтересираните да ја достават потребната документација најдоцна до 20 април 2023 година на следната адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »