За компанијата: Монета Финанциал Сервицес ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција (НБФИ) и е водечка компанија во Северна Македонија, специјализирана за обезбедување финансиски услуги за брз трансфер на пари.
Лиценцирано...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
ОГЛАС
за Оператор во секторот Оператива и IТ
Работни задачи и одговорности:
- Обезбедува целосна техничка подршка на суб-агентите во мрежата на Монета;
- Го надгледува и контролира работењето на серверот;
- Врши контрола на е-маил и сетирања;
- Врши контрола на трансакциите и дневните извештаи на суб-агентите;
- Ги контролира и усогласува извештаите со податоците за трансакциите;
- Врши дневна комуникација и поддршка на суб-агентите при вршење на трансакции;
- Врши дополнителни барања од страна на Раководителот на секторот Оператива и ИТ.
Подготовка и професионални вештини:
- Завршено високо образование од областа на електротехника или информатика
- Предност ке имаат кандитати со работно искуство во бараната област.
- Одлично познавање на TCP/IP мрежна инфраструктура, switch, router и firewall системи;
- Одлично познавање од областа на информациска безбедност
- Познавање на Domain Server (Active Directory);
- Познавање на WordPress;
- Одлично познавање на MS Office, особено Excel и Access.
- Одлични комуникациски вештини на македонски и англиски јазик ;
- Предност имаат кандидатите со познавање на Албански јазик ;
- Одлични организациски способности
- Наклонетост кон тимска работа, самостојност и иницијатива
- Мотивиран за работа со висок квалитет
Заинтересираните кандидати своето CV со фотографија, заедно со мотивационо писмо да го испратат на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] или на адреса: Бул.Крсте Мисирков бр.76, Поштенски фах бр.915 со назнака “Оглас за Оператива и IT”.
Напомена: Огласот важи од 25.03.2019 година до 29.03.2019 година, апликациите пратени со задоцнување нема да се земат во предвид. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.