Референт за организација на океански транспорт

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

Нашиот реномиран клиент ДБ Шенкер е глобален работодавач. Како транспортна и логистичка дивизија на Германските железници (Deutsche Bahn) тие организираат транспорт на стока и проекти во целиот свет, преку нивните 2000 локации во 130 земји. Во ДБ Шенкер, Вие сте дел од глобална логистичка мрежа која го поврзуа светот. Мрежа која Ви овозможува да ја обликувате Вашата кариера охрабрувајќи Ве да придонесувате и да направите промени. Вработените ги бираат врз основа на нивното искуство, перспективи, способности и вештини.

За потребите на неговото работење, потребен е:

РЕФЕРЕНТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОКЕАНСКИ ТРАНСПОРТ (М/Ж)

Опис на работни задачи:

  • Комплетна организација на океански транспорт- од давање на понуда, преку координирање и комуникација со субјектите поврзани со транспортот, до издавање на фактура.
  • Активна соработка и комуникација со колегите (локално и глобално) при извршување на планираните активности.
  • Одговорно водење и следење на океанските пратки и редовно известување на клиентите-секојдневна грижа за клиенти.
  • Прибирање информации за нови и постоечки клиенти и пазари- исто така и за потенцијални клиенти.
  • Согледување/Истражување на пазарот и конкурентите.
  • Активен придонес во резултатите на одделението преку давање на мерки за подобрување, како и проширување ан портфолиото на клиенти.

Бараме:

Вашиот профил:

  • Работно искуство во организација на океански транспорт е предност, но не  е задолжително. Поттикнуваме пријава на кандидати и без работно искуство.
  • Диплома за завршено високо образование (предност-Економски факултет, Бизнис и логистика).
  • Одлично познавање на англиски јазик.
  • Одлични компјутерски вептини за Microsoft Office пакетот.

Вашите способности:

  • Добри комуникациски вештини.
  • Тимски ориентирана личност.
  • Силна посветеност на работата.
  • Желба за постигнување на високи резултати и нови достигнувања.
  • Желба за придонес во развојот на одделението и компанијата.
  • Одговорност, организираност.

 Нашата понуда:

  • Работа во глобална компанија, една од најуспешните во светот и транспорт и логистика.
  • Фиксно работно време (понеделник-петок, 08-16.00 часот).
  • Организиран превоз до/од работа.
  • Привлечна плата и бенефиции.
  • Можност за развој во рамки на компанијата, локално и глобално.
  • Обуки за личен и компаниски развој.
  • Одлична работна средина и тим за работа.

Заинтересирани сте? Со нетрпение ја очекуваме Вашата апликација. Ве замолуваме испратете ја Вашата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] и или аплицирајте директно на www.esi.mk .

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897

 rabota@esi.mk, www.esi.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »