Машински инженер

За компанијата: Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат... повеќе за компанијата »

ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје е компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на минерален гас CO2 .Поради зголемениот обем на работа, објавува оглас за следнава работна позиција:

 

ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ - Машински инженер/технолог  во погон за производство на СО

(Битола, С.Трн)

 

Ако сакате да станете дел од тимот, а притоа сте динамична и одговорна личност и барате стабилност и долгорочна кариера и технолошки предизвици, со задоволство ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување. 

  Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование - Машински или друг технички факултет
  • Претходно работно искуство во областа на гасарството ќе се смета за предност,
  • Задолжително одлично познавање на  MS Office пакетот и компјутерски програми и апликации
  • Одлично познавање на англиски јазик вербален и пишуван
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач),
  • Флексибилност за работа на терен,
  • Читање на техничка документација (технички цртежи и технологии)
  • Одговорна, добро организирана личност, со виско ниво на дисциплина и детален пристап
  • Способност за аналитичко размислување и решавање на проблеми
  • Организациски и раководни вештини и тимска ориентација

Работни обврски:

  • Постојано следење на производствениот процес и соодветно и навремено реагирање,
  • Организира и  работи на одржување и обновување на машините и производната опремата
  • Се грижи за навремено отстранување на сите дефекти и  превзема превентивни мерки за навремено спречување на поголеми дефекти
  • Изготвува план за инвестиционо и тековно одржување
  • Дава стручни мислења за отстранување на поголеми дефекти
  • Дава сугестии и предлози за воведување на нова производна опрема и иновации за прозводството
  • Логистика и  пратење на полни и празни (амбалажи) садови под притисок
  • Води редовна евиденција на произведени и продадени  количини и врз основа на него изготвува оптимални годишни порачки за резервни делови
  • Секојдневна техничка поддршка на секторот за продажба
  • Грижа за квалитет на производ према правила на систем за квалитетно работење.
  • Водење на документација согласно пропишани стандарди,
  • Организација, контрола и целокупно управување со работата на тимот за технички операции
  • Го мотивира тимот и ја подобрува работната средина преку успешно водење и менторство
  • Одговорен за калибрација и сервисирање на производната линија  и водење евиденција за истите

Компанијата нуди:

  • Редовни атрактивни месечни примања и други бенефиции,
  • Платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон
  • Одлични услови за работа во тим,
  • Можност за личен професионален развој
  • Работен однос на определено работно време од 3 месеци, (период на докажување на способност).  со можност за продолжување и преминување во стален работен однос на неопределено работно време.

Дали Ве заинтересиравме?

Тогаш испратете ни ја Вашата апликација -  Вашето (CV)  на:  hr@geogas.mk 

Сите апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.                                                            

Во согласност со законот за заштита на лични податоци, со самото испраќање на Вашето СV се согласувате Вашите податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на Гео Гас ДООЕЛ Скопје.

Напомена: Доколку не сте согласни со тоа , можете да ја повлечете во секое време согласноста  за обработка на лични податоци преку испраќање на известување на елекртонската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »