Групација Венерас лого

Административен асистент

Плата од 25.000 ден. до 35.000 ден.

За компанијата: Групацијата Венерас е правно лице со 15-годишно искуство во обезбедувањето професионални услуги во областа на визното советување и консултации. Наша специјализација е поддршка на физички лица при процесот... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Групација Венерас нуди можност за вработување на полно и скратено работно време, бараме високо мотивирана, организирана и иницијативна личност, која ќе се грижи заедно со целиот тим за над стотици вработени ширум ЕУ.

Венерас е компанија која во последните дванаесет години расте и се развива, постојано ги збогатува сферите на услуги како што го обогатува своето искуство според европски стандарди.

Работна позиција: Административен асистент

Потребни квалификации:

  • Претходно искуство со канцелариско работење;
  • Завршено високо образование;
  • Силни вербални и писмени комуникациски вештини;
  • Позитивен пристап кон клиентите, колегите и решавање на работните предизвици;
  • Способност за ефикасно работење во динамична средина со комерцијална ориентација и работа под притисок;
  • Способност за правилно, оптимално планирање и извршување на работните задачи, како и на ненадејно зададени задачи со приоритет;
  • Способност за јасна и ефективна комуникација со личности од различни хиерархиски нивоа и националности, силни продажни вештини;
  • Активно работење со MS Office системот;
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Предност имаат кандидатите со завршен правен факултет

Главни задачи на административен асистент:

  • Подготовка на договори и архивирање;
  • Прецизно и точно управување со информации, податоци и документи;
  • Прием на повици (комуникации со странки, закажување на состаноци);
  • Пронаоѓање на потенцијални клиенти;
  • Одржување на добра комуникација и следење на постоечките клиенти;
  • Вложување максимален труд да се зголеми продажбата во компанијата, како и да ги достигне, а доколку е возможно да ги надмине поставените цели;
  • Преземење на задолженија и задачи што спаѓаат во рамки на неговата/нејзината работна позиција, или се доделени од страна на управителите на Друштвото.

Што добивате:

  • Можност да работите во компанија каде ќе имате чувство на припадност;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Услови за работа по европски стандарди;
  • Можност за брзо напредување во компанијата.

Доколку сте проактивни, креативни, имате добро професионално искуство и сакате да бидете дел од Групација Венерас, Ве мотивираме да се пријавете на следнава емаил адреса:

[најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »