Регионален менаџер за Македонија

  • Објавен на 11.2017
  • Агроуник ДООЕЛ
  • Активен до 25.11.2017
  • Позиција: Инженер и технолог
  • Локација: Цела Македонија
  • Телефон: +381(22)481981

АГРОУНИК е српска компанија која се занимава со научни истражувања во областа на биотехнологијата, производство, дистрибуција и продажба на микробиолошки препарати, кои се користат во земјоделското производство.

За унапредување на своите активности во Македонија, АГРОУНИК има потреба од мотивирана, амбициозна и динамична личност на позицијата:

 

Регионален менаџер за Македонија

 

Потребни квалификации:

  • Дипломиран агроном,
  • 2-4 години релевантно работно искуство во теренска продажба,
  • Добро познавање на MS Office пакетот,
  • Возачка дозвола Б категорија, активен возач,
  • Познавање на англиски јазик ќе биде предност.

 

Опис на главните одговорности:

  • Работа на терен на цела територија на Република Македонија,
  • Презентација на производите и услугите на компанијата пред потенцијални клиенти (трговски маркетинг),
  • Постигнување на продажни цели и резултати,
  • Унапредување на продажбата и пласман на производи,
  • Наплата на продажба,
  • Одржување на добри деловни односи со сегашните клиенти и купувачи,
  • Активно учество во проширување на продажната мрежа и зголемување на бројот на купувачи,
  • Организациска и логистичка поддршка на активностите во Македонија,
  • Извештаи за остварување на поставените цели.

 

Профил на кандидатот:

  • Самостојност, добра организација,
  • Изразена комуникативност и енергичност,
  • Изразени презентациски и преговарачки вештини,
  • Ориентираност кон цели и позитивни резултати,
  • Доверлива, одговорна, проактивна личност.

 

АГРОУНИК обезбедува мотивирачки пакет на наградување и можност за професионална надградба.

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за ова работно место, испратете ваша биографија и мотивациско писмо не подоцна од  3-ти декември 2017 на [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака Регионален менаџер. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју. Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »