Одвојувач на стока - лекови

ФЕНИКС Фарма како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија за лекови во 27 земји ширум Европа, секојдневно придонесува за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

Доколку сте прилагодливи, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:

ОДВОЈУВАЧ НА СТОКА - ЛЕКОВИ

 

Обврски и одговорности:

  • Одвојување на стока-лекови со рачен терминал (баркод скенер)
  • Дополнување на потрошените залихи на рафт
  • Следење и контрола на роковите и сериите
  • Следење на процедурите и стандардите на компанијата

  

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование
  • Работно искуство во веледрогериско работење

 

Потребни способности и вештини:

  • Одговорност и прецизност
  • Тимска работа
  • Работа во динамична средина

 

 

 

Работното време е во смени, од 9:00-17:00 и 14:00-22:00. Локацијата на компанијата е во индустриска зона Визбегово.

 

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја својата пријава  на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Рок на пријавување 7 дена од датумот на објавување на огласот.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »