Асистент во сектор Развој

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Основни задачи и одговорности:

  • Анализа на пазарот за параметри релевантни за стратешки одлуки и позиционирање на компанијата на пазарот
  • Споредување на процесотна интерни и екстерни нарачки за аптеките на компанија
  • Обезбедување на целосна документација за регистрација и увоз на производи
  • Воспоставување и одржување на редовна и професионална комуникација со сегашните и идните надворешни соработници
  • Се грижи за следење на постоечки договори и промени кога за тоа ќе се јави потреба
  • Подготовка на редовни извештаи и анализа на продажба, како и анализи и извештаи во договор со претпоставениот.
  • Деловна администрација на секторот (комуникација, организација на состаноци, координација)

Посакувани карактеристики:

  • ВСС, VII степен на Економски факултет - Е - бизнис претставува предност,
  • 1-2 години искуство во областа, анализа на продажба и администрација на продажба
  • Одлично познавање на англиски јазик (задолжително)
  • Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот
  • Возачка дозвола Б категорија

Очекувани вештини и способности:

  • Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности
  • Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
  • Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
  • Професионален и позитивен однос
  • Флексибилност за работа во динамична атмосфера
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок

Што нудиме:

  • Основна нето плата по договор
  • Работниот однос се заснова на определено време 3 (три) месеци со можност за продолжување на договор за работа
  • Работно време: понеделник – петок 08.00 – 16.00 часот, Сабота: по потреба

Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака „Асистент во сектор Развој  на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »