Смелт Инг ДОО лого

Електро инженер за изведба

Оглас за електро инженер со Б лиценца за изведба 

Основна во 2009 година, Смелт-Инг  ДОО со главно седиште во Скопје е водечка компанија во трговијата со електро материјали во Северна Македонија. Успешно ја насочивме нашата структура кон создавање на вредност за клиентите истовремено оджувајќи чекор со се побрзите животни циклуси на производите, пократките рокови на нарачки и испораки. Нашите резултати на пазарот се засноваат на флексибилноста, пократкото време на одговори, ефикасност на ресурси како и повисок квалитет на производство и навремена испорака.

Нашите активности се зголемија со формирањето на нова фабрика од 2000м2 во Велес, за монтажа на полиестерски дистрибутивни ормари. Согласно барањата на пазарот, во 2011тата година започнавме со производство на делови од ормари, оставајќи значителен отпечаток во металопреработувачката индустрија.

Личен профил на кандидатот: 

  • Дипломиран електро инженер;
  • Најмалку 3 години работно искуство; 
  • Овластување за изведба на градби  - Б категорија; 
  • Добро познавање на англиски јазик;
  • Познавање на пакетот Microsoft Office; 
  • Познавање на AutoCAD; 
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија;
  • Способност за самостојна и тимска работа; 
  • Ангажираност надвор од Скопје; 

Одговорности и задачи: 

  • Раководење со тим за изведба на електрични инсталации; 
  • Припрема и доставување на проекти и техничка документација;
  • Проверки и споредби на спецификации, предмер пресметки и графички прилози; 
  • Планирање и координација на активности; 
  • Водење градежни книги и дневници; 
  • Архивирање документација за тековната работа; 
  • Контрола на подизведувачи за време на реализација на проект;
  • Контрола на инсталиран квалитет и количини;
  • Изработка на извештаи;
  • Одржување на објекти по изведба; 

Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи (CV, доказ за завршено образование, сертификати и лиценци) на следната е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака "ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - позиција за која се конкурира". Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи. 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »