Асистент за меѓународна кореспонденција - Битола

За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. повеќе за компанијата »

Општи услови

- Завршено Високо образование (ВСС)

- Одлично познавање на англиски јазик

- Одлично познавање на Microsoft Office

- Работно искуство во областа ќе се смета за предност

 

Општи работни компетенции

- Решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг,

- Комуникациски вештини (телефонска и е-маил кореспонденција),

- Работење со други тимови (координација и алокација на потребни ресурси),

- Преговори и и услови за успешни договори,

- Подготовка на договори и нарачки,

- Давање предлози за најдобри добавувачи / купувачи.

- Ориентираност кон странките - надворешните соработници и големи купувачи,

- Стратешка свест и делување според општите принципи на компанијата,

- Следење и спроведување на законодавството за јавни набавки,

- Висока работна етика, доверливост, одговорност и посветеност во работењето.

 

Што нудиме

- Стабилна работна позиција со можност за личен напредок и развој,

- Можност за награди за посветено работење,

- Годишен одмор

- Работа во динамична околина,

- Учење и развој.

 

Сите заинтересирани кандидати, можат да аплицираат на следниот начин:

- Преку испраќање на CV со слика на [најави се за да го видиш е-маилот]  

- Преку пополнување на електронска апликација на web site: https://cermat.com.mk/career/ 

- Преку пополнување на апликација во просториите на компанијата Цермат – Новачки пат бб, 7000, Битола, Република Северна Македонија

 

Апликацијата треба да биде јасно назначена позицијата: Асистент за меѓународна кореспонденција.

Рок за аплицирање: 16.05.2023 година

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »