Менаџер за продажба и маркетинг

МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ

 

Компанијата Компјунет инженеринг е основана 1999 година, дистрибутер е на производи и услуги од големи мултинационални компании како WAGO, ABB, Schneider electric, Hydac, Extech, MDT и други, како и изведувач и интегратор на софистицирани решенија од областа на Информатиката, Автоматиката, Електротехниката и Зградната автоматизација.


Компјунет инженеринг има потреба од менаџер за продажба и маркетинг, чии одговорности, потребни вештини, способности и квалификации се дадени во продолжение. За работната позиција се бараат 2 лица.

 

Работното време е од понеделник до петок од 8.30 до 16.30 часот во Скопје, во близина на железничката станица.

 

Обврски и одговорности:

  • Унпраедување на продажба согласно пазарните можности

  • Посети и контакти на потенцијални клиенти,

  • Презентации на производи и услуги,

  • Разговори за потреби на клиенти,

  • Идентификација на потреби на клиенти и со помош на останати вработени изготвување соодветни понуди и решенија,

  • Учествo во изработка на маркетинг кампањи за производи, услуги и решенија и нивно спроведување преку посети, телефонски комуникации, социјални мрежи и други начини

    Вештини и способности:

  • Способност за преговарање, убедливост и градење однос со потрошувачи

  • Развиени аналитички, презентациски и комуникациски вештини, совесност

  • Одговорност и преданост на работата

Потребни квалификации:

  • Познавање на англиски јазик

  • Познавање на Windows и Microsoft office

  • Поседување на возачка дозвола Б кгоратеија

 

Нудиме:

  • Пријатна и мотивирачка работна средина

  • Можност за развивање и континуирано персонално усовршување

  • Работа со најнови технологии

 

Работата е креативна, овозможува пристап до најнови технологии во светот и контакт со голем број на лица и компании во земјата и регионот.

Заинтересираните лица да го испратат своето CV на email: [најави се за да го видиш е-маилот]

Повеќе информации на 075446395

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »