
Кабелскиот оператор Инфел – Охрид в р а б о т у в а.
ИНФЕЛ-КТВ е првиот кабелски оператор на подрачјето на Општина Охрид, денес располага со сопствена оптичко-коаксијална мрежа.
Стручниот тим е целосно посветен на развојот и одржувањето на мрежата така да стабилноста и квалитетот на услугите се нашите главни адути.
Со користење исклучиво софистицирана опрема од брендовите како што се: Cisco, HP, Motorola, Mikro Tik, WISI и др., постојано се стремиме кон надоградба и имплементација на нови напредни технологии.
Во чекор со светскиот тренд на зголемување на брзината на широкопојасниот интернет и зголемувањето на бројот на дигитални телевизиски канали тимот за техничка поддршка постојано се грижи за задоволстовото на нашите корисници.
Оптички кабел до домот (FTTH) е нашиот следен чекор.
Работно место: Мрежен администратор.
- Вработување на неопределено време;
- Со или без работно искуство;
- Тромесечна обука од страна на вработени технички лица за соодветното работно место;
- Времето предвидено за обука влегува во работен стаж на работникот;
- Плата и бонуси во зависност од ангажирањето и резултатите од работењето;
- Можност за професионален развој.
Потребни квалификации:
- Висока или средна стручна спрема;
- Средно или напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Outlook);
Предности:
- ВСС – (електротехничка или слично) - ќе се смета за предност;
- Познавање на компјутерски мрежи и конфигурација на компјутерска опрема (router, switch, access point)
- Средно или напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува);
- Искуство на слична позиција ќе се смета за предност;
- Подготвеност за тимска работа.
Работни задачи и одговорности:
- Планирање и изготвување работни налози за тековно работење;
- Администрација на мрежа;
- Работа со корисници – техничка подршка;
- Наведување на екипите на терен и проверка на параметрите и квалитетот на мрежата;
- Комуникација со екипите за цело време на работењето на терен;
- Мониторинг и водење евиденција на сервиси на мрежата/опремата.
Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, Вашата биографија може да ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот]