Вработување на економист

Здружението за еманципација, солидарност  и еднаквост на жените (ЕСЕ), Скопје распишува

О  Г  Л  А  С

за работна позиција

Работно место:  Асистент 

Одговорности:

Работните задачи на асистентот се поврзани со мониторинг и анализа на буџети; фискална транспарентност и отчетност; и промовирање на овие прашања преку социјални медиуми.

Односно, работниот ангажман на асистентот би се состоел од прибирање и анализа на буџетски податоци, како и подготовка на редовни буџетски анализи. Дополнително, асистентот ќе работи на развивање и спроведување на иновативни методологии за буџетска анализи од аспект на човекови права, со посебен фокус на правото на здравје и здравствена заштита; како и развивање и спроведување на методологии за оценување и унапредување на нивото на транспарентност и отчетност на јавните институции и зголемување на граѓанското учество во процесите на донесување на одлуки. Воедно, асистентот ќе биде задолжен и за промовирање на овие прашања преку социјалните медиуми.

Потребни квалификации:

- ВСС, VII степен на Економски факултет, оддел Финансиски менаџмент или Сметководство и ревизија;

- Солидно познавање на англиски јазик;

- Солидно познавање на Microsoft office (Microsoft Word, Excel и Power point);

- Со или без работно искуство.      

Работното место е на определено време во траење од 11 месеци врз основа на хонорар, со можност за продолжување.

За работното место предвиден е месечен надоместок во нето износ од 22.000 МКД.

Огласот трае 7 (седум) дена.

Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија, писмо за мотивација и Уверение за завршени студии или копија од индекс до Здружението за еманципација, солидарност  и еднаквост на жените (ЕСЕ) Скопје на e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака "Оглас за работно место асистент".

Само оние кандидати кои ќе ја поминат првичната селекција ќе бидат повикани на тестирање и интервју. Нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Ве молиме во апликацијата да ги вклучите Вашите контакти, односно телефонски број и e-mail адреса.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »