Декра лого

Маркетинг Асистент

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред еден месец
  • Декра
  • Активен до 06.03.2025
  • Позиција: Маркетинг/ПР/Дигитал
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3230952
  • Веб: www.dekra.mk
  • Facebook: линк
  • Linkedin: groups4387101

Во име на наш клиент, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • Маркетинг Асистент

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

  • Учество во планирање и дефинирање на маркетинг и ПР планови и стратегии;
  • Учествува во организација на различни настани;
  • Подготовка на содржини (текстови, фотографии) за ПР пласмани, интервјуа, истражувања;
  • Менаџирање, подготовка на текстови, креирање објави, споделување, следење и уредување на платформи (web страната на Компанијата, Facebook, LinkedIn итн.);
  • Планирање и имплементација на кампањи на дигитални платформи;
  • Мерење, следење, креирање и толкување на извештаи за кампањи на дигитални платформи;
  • Учество во изработка на различни маркетинг материјали (презентации, брошури, флаери, каталози, интерен магазин);
  • Поддршка и идејни концепти за интерно и екстрено брендирање на компанијата;
  • Следење на релевантни информации поврзани со новите технологии и трендови во деловните сегменти на компанијата;
  • Останати активности во делокругот на Одделот маркетинг.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Висока стручна подготовка (Универзитетска диплома од област на Маркетинг, Менаџмент, Е-бизнис, Комуникации);
  • Минимум 2 години работно искуство од областа на маркетинг;
  • Одлично познавање на Англиски јазик;
  • Познавање на MS Office (Microsoft Word, Excel, Power Point), Internet и Canva.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Одлични аналитички, комуникациски, презентациски и организаторски способности;
  • Динамичност, ефективност и ефикасност;
  • Самоиницијативност и креативност;
  • Развиена способност за одржување на високо ниво на квалитет во работењето.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »