Отворени се повеќе работни позиции

За компанијата: АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО И ПРЕРАБОТКА АГРОСТРМОШ СКОПЈЕ е компанија во областа на фармацијата и нуди можности за усовршување на професионален план. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 3.2022
  • АД АГРОСТРМОШ
  • Активен до 30.03.2022
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Скопје

АД АГРОСТРМОШ е компанија во областа на фармацијата и нуди можности за усовршување на професионален план. Тимот од професионалци секогаш е спремен во пријатна и работна атмосфера да се вклучи во професионална соработка со вработените се со цел постигнување на подобар успех во компанијата. Компанијата во моментов има потреба од следните работни позиции:

 

  • ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

     Потребни квалификации:

           •  ВСС – Економски факултет;

          • Поседување уверение за овластен сметководител;

           • Најмалку 2 години проефесионално искуство како сметководител;

           • Ажурирано знаење на регулативата за финансиско известување,

          сметководствената и даночната регулатива во Република Македонија;

          • Аналитичност, прецизност и запазување детали во работењето;

          • Систематичност, организираност и иницијативност;

          • Флексибилност и насоченост кон изнаоѓање решенија;

          • Навременост и строго почитување рокови;

           • Одлични вештини за комуникација, пишана и вербална;

           •Познавање на англискиот јазик и соодветни компјутерски вештини, како и познавање на работа со софтвери за сметководство и финансиско менаџирање.

Одговорности и  работни задачи:

• Подготовка и поднесување на ДДВ пријави, завршни сметки и сметководствени книжења;

• Комуникација со УЈП , банки и други институции кои се потребни за потребите на фирмата;

• Книжење на дневните трансакции и контрола на аналитички картици;

• Пресметка на плати, исплатни листи, пресметување

надоместоци и трошоци од работен однос;

• Одговорност за комплетноста и точноста на подготвените финансиски извештаи и податоци;

• Евидентирање и контрола на побарувања, уплати и наплата;

• Креирање фактури и други финансиски документи.

  • ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ

Потребни квалификации:

ВСС -Економски факултет;

Одлично познавање на компјутери;

Познавање на англиски јазик

Одговорности и  работни задачи:

• Сметководствена евиденција и известување во врска со побарувања, обврски и парични   текови;

• Воспоставување на професионални контакти - внатрешни и надворешни;

• Евиденција на влезни и излезни фактури;

• Ажурирања и евиденција на влезни и излезни фактури, книжења и други поврзани активности кои ќе бидат во координација со овластениот сметководител.

ПРАВНИК/ПРИПРАВНИК

Потребни квалификации:

ВСС – Правен факултет;

Одлично познавање на компјутери;

Познавање на англиски јазик

Одговорности и  работни задачи:

• Работни односи и деловно право;

• Интерни акти, регулатива и организација на друштва;

• Организација и комуникација со државни институции;

• Општи правни работи и изработка на интерни оперативни акти, облигациони односи-договори

 

 

Работно време од 08.00-16.00 часот од Понеделник до Петок.

Плата  од 20.000 до 60.000 во зависност од работната позиција и искуство.

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »