Сервисер на апарати за кафе во зрно

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Алма - М ДООЕЛ:

Финансов менаџер - Сервисер на фрижидери

Алма - М објавува ОГЛАС за извршител на следната работна

Позиција: СЕРВИСЕР НА АПАРАТИ ЗА КАФЕ ВО ЗРНО
Датум на објава: 13 Ноември 2018
Рок за пријавување до: 22 Ноември 2018
Број на оглас: О-НП-СЕ-181113
Сектор: Нестле професионал
Локација / Регион: Скопје
Одговара на претпоставен/а: Менаџер за продажба

Работни задачи:

  • Монтажа и демонтажа на апарати за кафе,
  • Сервисирање на апарати за кафе во сервис,
  • Посета на објекти низ Македонија по рутинг план,
  • Подготвување на извештаи,
  • Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работата,
  • и други работи по опис на работно место.

Потребни квалификации и вештини:

  • Познавање на електроника и механика,
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија,
  • Познавање и работа со Microsoft Office,
  • Минимум завршено средно образование,
  • Флексибилност за работа на терен,
  • Одлична комуникација,
  • Професионално однесување,
  • Организиран,
  • Мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен, проактивен и насочен кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени.

Потребно искуство: 

  • Потребно e претходно работно искуство од 2 години.

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »