МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – КОНСТРУКТОР

  • Објавен пред 2 недели
  • ОЗОН
  • Активен до 05.12.2019
  • Позиција: Инженер
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот во Word)

Огласуваме слободно работно место на позицијата: МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР –  КОНСТРУКТОР

Озон има потреба од машински инженер - конструктор, кој ќе му се придружи на нашиот инженерски тим во Скопје. Кандидатот ќе биде одговорен за конструирање и изработка на техничка документација и цртежи за производство на машини и производи за климатизација и други производи.

 

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

  • Машински Факултет – Производно инженерство или слично

  • 3 години работно искуство во конструирање на делови и склопови ќе се смета за предност

  • Одлично познавање и активна работа на програми за 3Д цртање – Autocad Inventor” или “Solidworks”

  • Познавање програми за работа на компјутер –и други

  • Познавање англиски јазик

  • Да поседува вештини за прецизност во работењето, одговорност кон работата,позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и лојалност

     

    За следниве работни задачи

  • Изработка на технички цртежи и документација за производство во Autocad Inventor”, работа со “ софтвер, следење на производствен тек, дизајнирање нови производи и симулации

  • Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за производство

  • Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во зададен временски рок, посветеност на детали

  • Комплетирањепроизводна документација согласно барани прописи и технички стандарди

  • Организација и архивирање документација за тековната работа

  • Примена и реализација на современи решенија и технологии во производство

     

    Се добиваат следниве услови за работа

  • Редовни солидни примања

  • Работа во климатизирани простории

  • Можност за обука и стекнување нови знаења

  • Можност за посета и учество на саеми и други стручни надградувања

  • Награди за квалитетно извршување на работните задачи

  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување

  • Можност за остварување новогодишен или друг надоместок

 

Доколку ги исполнувате бараните услови Ве повикуваме да ги испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: vrabotuvanje@ozon.com.mk

 

КЛИКНИ