Агенцијата за вработување АНТОРИС, за потребите на свој Клиент, објавува оглас за 1 (еден ) извршител, за следното работно место:
АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
Потребни квалификации:
1. Завршено минимум средно образование
2. Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
3. Одлично познавање на MS Office пакетот
4. Задолжително познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
Одговорности и задачи:
- Архивирање и скенирање на документи и управување со документацијата (договори, понуди, фактури и сл.)
- Комуникација со клиенти
- Комуникација со сметководство и водење на внатрешни и надворешни фактури
- Одговарање на телефонски повици
- Организација на настани
- Испраќање на документација по пошта
- Набавка на канцелариски материјал
- Придржување до процедурите и внатрешните акти на компанијата
Способности и професионални вештини:
- Одлични организациски вештини и способност за мултитаскинг
- Одлични комуникациски вештини
- Вештини за управување со време
- Способност за тимска работа
- Познавање на работа со канцелариска опрема (принтер, скенер и сл.)
- Поседување на висока работна етика и способност за управување со доверливи податоци
- Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера.
Работно време: Понеделник-Петок , доаѓање од 08.00-10.00 часот, заминување од 16.00-18.00 часот.
Работната позиција е за територијата на град Скопје.
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го Вашето CV,на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака за која работна позиција аплицирате.
www.antoris.com
Само кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.