Техничко лице за инсталација на радио мрежа и телекомуникациска опрема

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на својот клиент, интернационална телекомуникациска компанија, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • Техничко лице за инсталација на радио мрежа и телекомуникациска опрема

ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА

  • Конфигурација на базни станици и мини-линковска опрема (радио -релејни системи);
  • Дијагностика на дефекти на телекомуникациска опрема и опрема за напојување;
  • Инсталација на електро опрема и системи за развод (групи осигурувачи), поврзување на телекомуникациска опрема на напојување;
  • Работа на висина;
  • Инсталација, конфигурација на опрема за телекомуникации;
  • Извршување на останати теренски активности како и припрема за истите;
  • Почитување на норми , стандарди и процедури како Државни така и интерни Компаниски.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Поседување на возачка дозвола Б категорија, активен возач;
  • Спремност за работа на терен;
  • Спремност за пасивно дежурство во одреден период од месецот (доколку има потреба).

Предност имаат:

  • Кандидати со Висока стручна спрема или адекватно работно искуство;
  • Кандидати со желба за обука за работа на висина;
  • Кандидати со познавање на опрема во радио мрежа.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Добра координација и способност за работа во тим;
  • Самоиницијатива и добра организација;
  • Желба за учење и прифаќање на нови знаења и вештини.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Клиентот нуди:

  • Работа во динамичко окружување во интернационална телекомуникациска компанија;
  • Можност за напредување и учење од експерти во оваа област;
  • Прилика за стекнување сертификација;
  • Флексибилно работно време.

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на: job@dekra.mk.

Крајниот рок за аплицирање е : 10/01/2021

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »