СЕНСОР ДОО Скопје има потреба за вработување на Електроинжинер - Проект Менаџер за изведба, пуштање во работа и одржување на системи за слаба струја за деловни и индустриски објекти.
Потребно образование: ВСС Факултет за електротехника (со насока која одговара на позицијата)
Опис:
- Изработува првична проценка на обемот на работа, распоредот и ресурсите потребни за успешно завршување на проект.
- Координација, надзор и учество во изведба на договорените проекти.
- Води и изготвува градежни дневници и градежни книги, месечни извештаи за проектите со кој управува.
- Подготвува и ги кооринира набавките на потребените инсталациони материјали и опрема.
- Координација со инвеститорот, надзорниот инженер и останатите изведувачи за време на реализација на проектот.
- Ја представува компанијата на сите координативни проектни состаноци.
- Изготвува изведбената проектна документација за проектите
Потребни вештини:
- Мин. 2 годишно искуство на иста или слична позиција,
- Активно познавање на AutoCAD, MS Office,
- Активно познавање на технички англиски јазик,
- Возачка дозвола Б категорија,
- Подготвеност за тимска работа под притисок на зададени рокови
Други вештини кои би биле предност:
- Поседување на валидна лиценца за изведба (раководител на градба) (електротехника) на градби од “А/Б” катергорија , издадена од Комора на овластени архитекти и инженери на Р.Македонија,
- Поседување на валидна лиценца за проектант (електротехника) на градби од “А/Б” категорија , издадена од Комора на овластени архитекти и инженери на Р.Македонија,
Фирмата нуди:
- Континуирано усовршување во сите области со обуки во странство (стручни, индивидулани,..)
- Соодветна финансиска компензација
- Динамична и интересна работна средина во проектно ориентиран тим
Кратка биографија и мотивациско писмо да се достави на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »