Референт за набавки

За компанијата: Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите... повеќе за компанијата »

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН објавува оглас за вработување на:

 

Референт за набавки

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за процесирање на барањата за набавки согласно процедурата за набавки на компанијата, комуникација со добавувачите и изведувачите на компанијата; подготовка на тендери, компарација и комерцијална евалуација на пристигнатите понуди, подготвување на порачки како конечен документ за секоја договорена набавка, по потреба процесирање на рекламации за несообразност на примен производ, следење на испораките на порачаните материјали, како и организирање на транспорт и комуникација со шпедиција при увоз/извоз на производи. За своето работење ќе одговара на Раководителот на Службата за набавки. Работното време од 08:00 – 16:00 часот. Основната нето плата за работното место изнесува 42.000-60.000 денари, додека Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување и други бенефиции, како бонус за успешно работење.

 

 

Квалификации:

• ВСС/VII степен образование (Електротехнички факултет, Машински факултет, Технолошко-металуршки факултет)

• Работно искуство од најмалку 3 години во набавки

• Одлично познавање на МS Office

• Одлично познавање на англиски јазик

 

Конкурентски предности:

  • Високо ниво на деловна комуникација (усна и писмена)
  • Високо ниво на интегритет и доверливост
  • Познавање на SAP или сличен ERP софтвер
  • Агилност и желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички способности
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање проблеми

 

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1. Мотивациско писмо на англиски јазик

2. Биографија (CV) на англиски јазик

3. Доказ за завршено образование

 

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

 

Аплицирањето може да се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk 

 

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »