Ревизор/Супервизор

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

 

Приватната агенција за вработување (ЕСИ) за вработување кај нашиот реномиран клиент од банкарскиот сектор, е во потрага по квалификуван и мотивиран кандидат на позицијата:

ИНТЕРЕН РЕВИЗОР ЗА ПОЗИЦИЈАТА РЕВИЗОР/СУПЕРВИЗОР(М/Ж)

 

ЗАДАЧИ:

  • Извршување на сите фази на ревизорскиот процес.
  • Извршување на детални анализи за оценка на ефективноста и ефикасноста на ревидираниот процес/функција, како и неговата усогласеност со локалната регулатива и корпоративните политики и процедури.
  • Подготвување и презентација на ревизорски извештаи до Менаџерот на ревидираниот процес/функција, и обезбедување на периодичен мониторинг на спроведувањето на плановите на менаџментот за корективни акции.

 

 

 

БАРАМЕ:

 

  • Универзитетска диплома во релевантна област (Сметководство и Ревизија, Финансии или еквивалентна област).
  • Најмалку 5 години релевантно работно искуство во областите на внатрешна, надворешна ревизија и/или сметководство и финансии; искуство во внатрешна ревизија ќе се смета како предност.
  • Професионална квалификација (или значително комплетирана квалификација) ќе се смета како значајна предност (Овластен ревизор, CIA, ACCA или еквивалентно).
  • Познавање и значително искуство во спроведување на Меѓународните стандарди за професионална практика на внатрешната ревизија и Меѓународните стандарди за финансиско известување, ќе се сметаат како значајна предност.
  • Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи.
  • Кандидатот треба да биде способен/на да работи независно и самостојно, со органичена супервизија.
  • Значајни аналитички и презентациони способности и способност за писмено известување.
  • Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и стручно и напредно користење на MS Office.

 

 

НУДИМЕ:

  • Можен почеток со работа: Веднаш
  • Работно време: од 8.00-8.30 до 16.00-16.30 часот
  • Годишен одмор: Согласно ЗРО и КД 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат.

 

Апликацијата на која не е наведно работното место нема да се земе во предвид.

 

Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.

 

Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.

 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »