Технички секретар

За компанијата: Основан 1945 годината, постоењето и развојот на АМСМ, го обележаа низа структурални и организациони промени, некои како резултат на времето, а пак некои како одговор на потребата да се биде и да се остане... повеќе за компанијата »

Клучни работни обврски:

  • Прима повици преку кои закажува состаноци со Генерален секретар (ГС), дава одговори на рутински прашања/барања или ги пренасочува кон другите служби
  • Пречекува гости, ги спроведува кај ГС или посредува/извршува закажана услуга од доменот на организацијата
  • Закажува состаноци со директори на правните субјекти во системот на АМСМ
  • Закажува состаноци со Секретарите на Авто-мото друштвата
  • Отвора пошта, ја предава на потпис кај ГС, а потоа ја дистрибуира до соодветни правни субјекти
  • Прима електронска пошта, одговара или ја дистрибуира до соодветни правни субјекти
  • Пренесува зададени информации од ГС до другите нивоа и обратно
  • Изготвува документи, се грижи за изгледот и коректноста на документите за експедирање
  • Прима и испраќа факсови
  • Умножува документи по пат на фотокопирање или скенирање
  • Праќа честитки и телеграми
  • Води дневен календар на состаноци и задачи
  • Врши преводи и кореспондира со странство по писмен и устмен пат
  • По потреба врши улога на преведувач при странски посети
  • Врши резервација на ресторани, хотели, авио билети, изготвува соодветна документација за таа цел
  • Се грижи за уредноста на просториите
  • Врши нарачки на потребен канцелариски материјал и други потрошни материјали
  • Води Деловодник
  • Прима и заведува примена пошта
  • Ја сортира и доставува заведената пошта до соодветни правни субјекти
  • Врши ажурирање и архивирање на документација
  • Подготвува и заведува пошта за експедирање
  • Комуницира со поштите за редовна и брза достава
  • Води тетратки за интерна достава и за експедирање
  • На дневна основа води евиденција на потрошувачка во бифе

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование
  • Напредно познавање на MS Office (word, excel, power point), Internet.
  • Напредно познавање на деловен Англиски јазик (пишување и зборување)
  • Напредно познавање на Германски јазик (се смета за предност)
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Со работно искуство од најмалку 5 години како технички секретар

 

Способности и потребни професионални вештини:

  • Јасна мисла и говор
  • Позитивен став
  • Координирачки вештини
  • Преставителност
  • Флексибилност
  • Комуникациски вештини
  • Активно слушање
  • Доверливост

 

Доколку сакате да ни се придружете и да станете дел од нашиот успешен тим, ја очекуваме вашата кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик во електронска форма да ни ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака РАБОТА – Технички секретар, најдоцна до 01 октомври 2017.

 

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »