ДПУТ Матриошка ДООЕЛ Скопје лого

Прехрамбен технолог

За компанијата: Матриошка е старт-ап компанија која се занимава со развој на иновативни технолошки процеси во прехранбената индустрија што ќе донесе дополнителни вредности на клиентите и ќе има позитивно влијание врз... повеќе за компанијата »

Матриошка го проширува тимот и е во потрага по Прехранбен Технолог, кој ќе биде воедно и клучен член на нашиот тим, како старт-ап компанија. Компанијата го произведува WICE сладоледот со вино (www.wicecream.com) , кој претставува иновација на домашниот пазар и пошироко. Работната позиција е за цело работно време, а прехранбениот технолог ни е потребен за долг рок.

Опис на работни обврски:

  • Развој на нови производи и нови вкусови преку комбинирање на различни сорти вино со различни вкусови и развој на нови сладоледи и сорбети со вино
  • Тестирање за прифатеност на пазарот на новите производи развиени од технологот (новите комбинации на вкусови)
  • Производство во погон (фабрика) на постоечко портфолио производи. Фабриката е лоцирана во Горно Соње, Сопиште, Скопје
  • Контрола на квалитет на готов производ
  • Водење на документација според HACCP стандардите
  • Следење на конкуренцијата и вкусовите на потрошувачите
  • Анализа на домашни и интернационални пазари
  • Следење на научна литература за развојот на индустријата
  • Присуство на настани и конференции во земјата и во странство што ќе бидат од корист за развој на стартапот 😊

Задолжителен профил на кандидатот:

  • Поседување на додипломско образование од областа на прехранбена технологија, биотехнологија, дизајн и менаџмент на технолошки процеси;
  • Одлично познавање на англискиот јазик;
  • Поседување на возачка дозвола B категорија

Идеалниот кандидат треба да има познавања и искуство од област на:

  • Развој на нови производи
  • Иновативно размислување насочено кон решавање на проблеми; Креативност;
  • Проактивност (и желба за учење)
  • Производство во погон
  • Чистење со CIP
  • Оптимизирање на состав на производи
  • Познавање на HACCP стандардите
  • Познавање на стандардите ISO:9001 и ISO:22000
  • Следење на конкуренцијата и вкусовите на потрошувачите
  • Анализа на домашни и интернационални пазари
  • Да преземе одговорност за зададените задачи,
  • Способност за независно работење во рамките на постојните правилаи процедурални барања
  • Познавање на стратегии за маркетинг (посебно во делот социјален маркетинг) не се задолжителни но ќе се сметаат за предност;
  • Развиена аналитичка способност; да се размислува отворено за проблемите и да се земе активен и креативен пристап кон решавање на проблемите во текот на дизајнирањето и реализација на активностите;
  • Комуникациски вештини;
  • Работа во тим: способност да се интегрира во постојниот тим на компанијата и да придонесе конструктивно во соработката

Придобивки за идниот член на тимот:

  • Работа со професионален и искусен тим на експерти;
  • Професионална надградба и усовршување;
  • Организиран превоз до работно место и назад или платени трошоци доколку технологот преферира да патува со сопствено возило
  • Фабриката е лоцирана во Горно Соње, Сопиште, Скопје на 15 – 20 минути возење од центарот на Скопје!
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа;
  • Присуство на настани и конферецнции, развој на старт-ап култура, постанување на член од тимот
  • Патување во странство со цел надоградување на новиот член од тимот

Сите заинтересирани кандидати се добредојдени да го испратат своето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  најдоцна до 15.03.2023. Мотивационо писмо не е задолжително, но ќе се смета за предност. Успешните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на компанијата.

Позицијата се однесува на цело работно време, со тоа што на почетокот кандидатот ќе има можност (доколку сака) пробен период од 3 месеци

Атрактивна плата

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »