Агент за вработување со Германски јазик

За компанијата: Регио Персоналагентура од почетокот на 2020 година посредува при вработување исклучиво на германскиот пазар на труд. Имаме тесна соработка со врвни компании и со Агенцијата за вработување на СР Германија. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

АГЕНТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

Преку 16 години сме една од најуспешните приватни агенции за посредување при вработување во Германија. Нашиот тим во Скопје од почетокот на 2020 година работи само на германскиот пазaр на труд и соработува со тамошните водечки компании, како нивен стабилен партнер во наоѓањето работници.

 

Вашите работни задачи се:

  • телефонска комуникација со компаниите и кандидатите
  • наоѓање подобни кандидати и објаснување на работните места и на работните услови
  • подготовка и електронско поднесување на потребната документација за вработување
  • огласување на слободни работни позиции на различни интернет страници

 

Потребни вештини:

  • напредно ниво на зборување и пишување на германски јазик
  • добри комуникациски вештини
  • организираност
  • способност за работа со компјутер

 

Ние нудиме:

  • конкурентна плата
  • стимулативни бонуси
  • подобрување на јазичните познавања
  • пријатна работна атмосфера
  • работно време од понеделник до петок
  • скратено работно време во петок

 

Испратете ни ја Вашата биографија на:

[најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »