ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР - СЛАБА СТРУЈА

  • Објавен пред 3 месеци
  • СЕНСОР доо, Скопје
  • Активен до 18.03.2019
  • Позиција: Инженер
  • Локација: Скопје

Фирма од Скопје има потреба за вработување на Електроинженер (една или повеќе позиции) за проектирање, изведба, пуштање во работа и одржување на системи за слаба струја (системи за автоматска детекција и дојава на пожар, системи за видео надзор, системи за контролиран пристап, системи за детекција на упад/кражба, системи за јавна објава и озвучување, системи за броење на посетители, компјутерски системи, системи за обесчадување, како и по покажан интерес на кандидатот и за системи за автоматика и  Building Management системи) за деловни и индустриски објекти.  

Потребно образование: ВСС Факултет за електротехника (со насока која одговара на позицијата)

Работно искуство: Мин. 1-2 години искуство  на исти или слични позиции.

Опис:

  • Разработка на идејни решенија за конкретен објект,
  • Изработка на идејни, основни и изведбени проекти со изработка на електрични, апликациски, функционални шеми и предмер пресметки за горе наведните системи,
  • Координација, надзор и учевство во изведба на договорените проекти,
  • Пуштање во работа на конкретните системи со програмирање и тестирање на истите,
  • По покажан интерес и вклучување во делот за автоматика и БМС

Потребни вештини:

  • Мин. 1-2 годишно искуство на иста или слична позиција,
  • Активно познавање на AutoCAD, MS Office, Visio, Corel DRAW,
  • Активно познавање на технички англиски јазик,
  • Возачка дозвола Б категорија,
  • Подготвеност за тимска работа под притисок на зададени рокови

Други вештини кои би биле предност:

  • Познавање и на работи поврзани со јакострујни инсталации и системи,
  • Познавање и на основи на процеси за термотехнички инсталации (HVAC),
  • Поседување на валидна лиценца за проектант (електротехника) на градби од “А/Б” категорија , издадена од Комора на овластени архитекти  и инженери на Р.Македонија,
  • Поседување на валидна лиценца за изведба (раководител на градба) (електротехника) на градби од “А/Б” катергорија , издадена од Комора на овластени архитекти  и инженери на Р.Македонија,
  • Познавање или искуство со работа со стандардните протоколи за комуникација за автоматика и БМС: BACnet MS/TP; BACnet IP; LonWorks; N2 Bus; Modbus RTU; Modbus IP; M-Bus; KNX

Фирмата нуди:

  • Континуирано усовршување во сите области со обуки во странство (стручни, индивидулани,..)
  • Соодветна финансиска компензација
  • Динамична и интересна работна средина во проектно ориентиран тим

Кратка биографија и мотивациско писмо да се достави на: contact@sensor.com.mk

КЛИКНИ