ОПЕРАТОР НА ЦНЦ МАШИНА (CNC apkant press)

За компанијата: Компанијата ОзонАир е докажан глобален партнер и соработник на многу компании во Македонија како и целиот свет. Главниот фокус е модерен дизајн и технологијата што се применува во производството на единици... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како PDF)

ОзонАир е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согасно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје.

ОзонАир ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција.

За потребите во производство огласуваме слободно работно место на позицијата:

 

ОПЕРАТОР НА ЦНЦ МАШИНА (CNC apkant press)

 

кој ќе му се придружи на нашиот тим за производство во фабриката во Скопје.

Операторите управуваат со автоматизирани и делумно автоматизирани машини за обработка на метали и ги надгледуваат наведените машини и уреди.

 

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

- Операторот треба да има познавање од работа на ЦНЦ машина.

- Кандидатот е пожелно да поседува претходно работно искуство на ЦНЦ апкант преса или слична машина

- Завршено средно образование (Машинско или Електротехничко е предност)

- Работно искуство како ЦНЦ оператор од минимум 1 година ќе се смета за предност

 

За следниве работни задачи:

- ракување  со  механички,  полуавтоматски  и  автоматизирани машини  - пунч преси и преси за виткање за различни видови обработка на метални плочи, профили или цевки и надгледување на нивната работа;

- прости доработки и преправки на податоци за НЦ или ЦНЦ програми, нивно префрлување од персонален компјутер на машина и обратно;

- работа со алати за машините, нивно одржување, промена и подесување;

- тековни постапки за одржување на машините, припрема за работа, припрема за прекин со работа и водење евиденција за дневни активности;

- запазување на стандардите од спецификациите за работа и преземање на безбедносни мерки при работата;

- надгледување на работата на машините, тековно сервисирање, чистење и водење детална евиденција за извршени сервисни поправки;

- вршење на сродни задачи на други машини и рачни алати;

 

Се добиваат следниве услови за работа:

- Редовни месечни примања

- Работа во прва смена и исплата на прекувремени часови согласно плановите за работа

- Работа во фабрика во чисти услови и во климатизиран објект

- Можност за обука, стекнување нови знаења и нови работни задачи

- Дефинирани дати за годишен одмор

- Награди за посветено извршување на работните задачи

- Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување

- Можност за остварување новогодишен или друг надоместок

 

Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »