IT Business Analyst

За компанијата: BEELIVIO е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во... повеќе за компанијата »

BEELIVIO е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во повеќе од 15 земји ширум светот.

Поради зголемен обем на работа има потреба од проширување на своите тимови и објавува конкурс за вработување на IT Business Analyst кој ќе имаат можност да работи на интересни и динамични проекти базирани на современи технологии, со можност за брзо напредување.

 

Бизнис Аналитичарот кои ќе стане дел од нашиот тим ќе учествува во:

 

  • Анализа на барањата на софтверското решение според потребите на клиентот;
  • Аналитичко размислување, како и познавање на аналитички техники и методи;
  • Тимски состаноци и директна комуникација со клиенти;
  • Составување и партиципација во изготвување на софтверска техничка спецификација;

Потребни квалификации и познавања:

 

  • Флексибилен пристап кон работата;
  • Ефективно да управува со времето и високи лични стандарди и внимание на деталите;
  • Аналитичко размислување, да може да ги разбере, документира и објасни сите нивоа - од концептуални решенија до детални текови на податоци;
  • Презентирање идеи и решенија пред клиентите или интерно во тимот;
  • Добро познавање на Англискиот јазик (зборување и писмена комуникација).

 

Овозможен е хибриден режим на работа.

 

Вашето кратко резиме (CV), испратете го на email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »