ПСД лого

Преведувач за англиски и германски јазик (м/ж)

За компанијата: Првата преведувачка компанија во Словенија која во 2010 година го доби „првиот европски преведувачки стандард“ EN 15038, одобрен од комисијата на ЕУ во 2006 година повеќе за компанијата »
  • Објавен на 7.2022
  • ПСД
  • Активен до 18.08.2022
  • Позиција: Филолог/Преведувач
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 38976957779
  • Веб: www.psdtranslation.com

ПСД со своите подружници во повеќе држави спаѓа во современи преведувачки агенции, која покрај информатичката технологија посебен акцент става на личниот развој на кадрите со што го поттикнува растот на компанијата и на вработените.

Во 14 годишното постоење:

  • преведувавме на повеќе од 73 јазици,
  • успешно завршивме проекти со илјадници страни во многу кратки рокови,
  • лекториравме книги, брошури, упатства, правни текстови и законодавство, како и договори за јавна администрација и министерства, кои се наоѓаат на интернет страните и на полиците во книжарниците, во земјава и во странство.
  • извршивме толкувања со повеќе од 1300 учесници.

Повеќе за нас:  www.psdtranslation.com и www.psd.si.

Поради зголемен опсег на работа бараме повеќе нови соработници за работно место:

Преведувач за англиски и германски јазик.

Бараме млад и перспективен соработник (м/ж), подготвен за дополнителна едукација и достигнување на поставените цели.  Ги охрабруваме да аплицираат сите оние кои сакаат да постигнат одлични резултати, кои имаат желба за напредок и брзо учат.

Задачи и одговорности:

  • преведување на секаков вид документи од различна терминологија од англиски и германски јазик на македонски јазик и обратно.
  • користење преведувачки алатки (SDL Trados, Wordfast, Matecat) и присвојување нови технологии.
  • следење на упатствата и барањата на клиентите
  • придржување до роковите за испорака 

Бараме:

  • завршено високо образование (пожелно Англиски јазик и книжевност – преведувачка или наставна насока)
  • пожелно активно работно искуство како преведувач
  • одлично компјутерско познавање (Microsoft Office Package)
  • пожелно познавање на друг странски јазик
  • посветеност и комуникативност
  • интерес и желба за постојана надградба

Нудиме

  • редовно вработување
  • многу знаења, обуки, употреба на нови алатки, техники на комуникација, надворешни едукации
  • уредна работна околина
  • соработка со купувачи од земјата и странство
  • грижа за здравјето на работното место

Работата ќе се одвива на нашата локација во Скопје.

Вашите биографии испратете ги на  [најави се за да го видиш е-маилот] . Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »