Отворен оглас (за повеќе работни позиции)

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

Опис на работната позиција

  • Изработка на нацрт финансиски извештаи и нивна споредба со годишна сметка и годишен извештај од работењето
  • Анализа на главна книга и бруто биланс, и споредба со финансиски извештаи
  • Прегледува материјална и финансиска документација со изработка на работни документи
  • Анализа, контрола и евиденција на обврски и побарувања на друштвото,
  • Следење на трансакциите на компанијата и работи на назначени проекти,
  • Дефинирање, пресметување, начин на толкување и значење на соодветни финансиски показатели за спроведување на финансиска анализа;
  • Изработка и анализа на паричен тек,
  • Изготвува пресметка на финансиски показатели,
  • Изработува конфирмации и работен преглед на побарувања и обврски
  • Пополнува анкетни листови од програмата за финансиски извештаи
  • Ги следи и проучува прописите од областа на финансиско-сметководственото работење
  • Посетува обуки од делокругот на своето работење
  • Врши и други работи во согласност со своите компетенции и потребите на Друштвото

Квалификации

  • Висока стручна спрема – ВСС, со предност од областа на финансиите (финансиски менаџмент, сметководство и ревизија сл.),
  • Напредно познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Одлично познавање деловен англиски јазик;
  • Најмалку 3 години работно искуство во областа на финансиите, со предност како финансиски аналитичар;
  • Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим .

 

СМЕТКОВОДИТЕЛ

Потребни квалификации:

- Завршено високо образование од областа на економски науки

- Лиценца за Овластен сметководител

- 3 години работно искуство

- Искуство во материјално – финансово сметководство

- Добри компјутерски вештини, одлично познавање на MS excel

- Висока работна етика, доверливост и одговорност кон доверените работни задачи

 

МАТЕРИЈАЛЕН  КНИГОВОДИТЕЛ

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование од областа на економски науки
  • 3 години работно искуство
  • Искуство во материјално – финансово сметководство
  • Добри компјутерски вештини, одлично познавање на MS excel
  • Познавање на соодветната македонска законска регулатива и меѓународни сметководствени стандарди
  • Висока работна етика, доверливост и одговорност кон доверените работни задачи

Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака на позицијата која се бара  на  [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »