АРХИТЕКТ

  • Објавен на 3.2018
  • ДЕЛТА БЕТ
  • Активен до 14.03.2018
  • Позиција: Архитект и ентериер
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3296-155

Mozzart на пазарот на игри на среќа работи од 2001 година и како таква е една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е приредување на игри на среќа во обложувалница, а нашиот најголем капитал се луѓето. Во овој момент, компанија Mozzart има околу 4000 работници и околу 900 подружници во регионот. Во Македонија работи од 2008 година, имаме околу 400 вработени и 101 подружница.

 

За нашето седиште во Скопје, потребен ни е

 

АРХИТЕКТ

 

Основни должности:

  • Снимање на постоечката состојба на локалот,
  • Изработка на идејно решение и проект, потребни за изработка на проценка на инвестицијата,
  • Изработка на проценка на инвестицијата,
  • Разработка на проектот со изработка на предмер и пресметка,
  • Координација со изведувачите на работите,
  • Соработка со сите служби и сектори на задачите за кoи е потребно стручно мислење од доменот на работата,
  • Следење на актуелностите од секој домен на работата и примена на современи материјали/опрема,
  • Изработка на сите потребни извештаи и записници,
  • Следење на законските регулативи од својот домен.

 

Услови на работното место:

  • Факултет VII степен на стручна подготовка, дипломиран инженер по архитектура,
  • Минимум 2 години работно искуство, предност е работно искуство на адаптација на локали, како и реализација на адаптација и реконструкција,
  • Одлично познавање на процесот на проектирање,
  • Познавање на технологијата на изведување на архитектонско – градежни работи, електро-инсталаретски и термо-технолошки инсталации,
  • Предност е поседување на Лиценца за одговорен проектант,
  • Добро познавање на работа во програмата Auto CAD,
  • Изразени интерперсонални вештини и вештини на комуникација, писмена и усна,
  • Изразени вештини на тимска работа и соработка,
  • Вештини на организирање и преговарачки вештини.

 

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и  ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.

Краен рок за поднесување на пријавите е 14.03.2018 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »